Photo by form PxHere

07.08.2022 Скопје

Главна преокупација на пензионерите во Штип е набавката на огревно дрво. Од Здружението на пензионери – Штип истакнаа дека цената на дабот моментално е 4 200 денари, а на буката е 4 100 денари и по таа цена ги добиваат огревните дрва нивните членови.

Откако Здружението на пензионери се откажа да биде посредник при плаќањето и набавката на огревно дрво меѓу членовите и приватните добавувачи, над 200 штипски пензионери се одлучиле да набават дрва по повисока цена за 700 денари.

Пензионерите од Штип велат дека двоцифрената инфлација им удира врз скромниот домашен буџет и со тоа ќе имаат тешка и неизвесна зима. Исто така, додадоа дека оваа есен нема да спремаат зимница, поради стравот од нови повисоки цени на лебот, струјата, горивата, прехранбените производи. Додека пак, за моменталните поскапувања велат дека ги прават уште посиромашни.

Во Северна Македонија има над 320 000 пензионери, а само 0,8 отсто од нив земаат пензија од 40 000 денари до 54 000 денари. Секој петти пензионер во земјава има пензија од 12 000 денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author