19.08.2022 Скопје
Косовскиот премиер Албин Курти, изјавил дека Шпанија треба да ја признае независноста на Косово, бидејќи случаите на Каталонија и Баскија не се исти како случајот на Косово. Шпанија никогаш не треба да се споредува со Србија, бидејќи Србија изврши геноцид на Косово. Верувам дека со признавање на Косово, Шпанија ќе покаже дека Каталонија и Баскија се сосема различни случаи, изјави Курти.
Курти кажа дека според него треба Косово да биде признаено од страна на Шпанија и дека Русија со сите сили се обидува да ја зголеми нестабилноста на границите на Европската Унија.
Подготвено од М.Н.