https://www.facebook.com/photo/?fbid=408146574646808&set=a.131922485602553

25.08.2022 Скопје

Тренерот на Шкупи, Гоце Седловски за клучен момент на натпреварот со Балкани го издвои црвениот картон на Абдула заработен на самиот почеток на мечот. Шкупи вечерва беше поразен со 1-0 на гостувањето кај Балкани и со вкупни 3-1 е елиминиран од Европа.

Седловски упати честитки кон Балкани и им посака успех понатаму, а Шкупи скапо ги плати грешките за кои противникот знаеше како да ги искористи. Седловски кажа дека мечот бил изгубен уште во втората минута, откако Џелил Абдула заработи црвен картон и бидејќи екипата остана да игра со еден фудбалер помалку, тешко е да се одигра меч само со десетмина, но сепак во поголемиот дел од мечот фудбалерите играа добро. Грешките од Скопје беа пресудни, имавме долг европски пат и треба да бидеме со кренати глави без оглед на се.

Седловски кажа дека сепак фалеше едно вакво искуство, бидејќи некои од играчите првпат одиграа вакви средби.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *