06.08.2022 Скопје
На 06.08.2016 година, катастрофална поплава ја зафати Гази Баба, која одзема 22 животи.
Денес навршуваат точно шест години од поплавата која освен што одзема животи, предизвика и огромни материјални штети. Домовите на жителите од Стајковци, Синѓелик и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на официјалниот фејсбук профил напиша дека болката по загубените животи ќе трае засекогаш, но и дека кога навидум се беше разурнато, се роди новата надеж. Стефковски напиша дека многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон општина Гази Баба. Воедно, градоначалникот се заблагодари на сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата и посака никогаш да не се повтори.
Слична на оваа поплава во Стајковци, била и поплавата од 23 август 1929 година, откако по излевањето на реката Серава биле уранети околу 1000 куќи, а Скопје вечно ќе се сеќава и на 16 ноември 1962 година, кога градот настрада од излевањето на реката Вардар, од тогаш нерегулираното корито.
Подготвено од А.Ѓ.