https://www.facebook.com/photo.php?fbid=635710831243575&set=pb.100044139924327.-2207520000..&type=3

27.08.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во овие две години од својот мандат како министер. Тој посочи дека во текот на овие две години, преку бројни активности, особено со спорот со Бугарија, како најголем предизвик, комуникации, преговори, разговори, билатерални и меѓународни, успеале да постигнат неколку клучни резултати што се особено важни за утврдување на една динамика на односите со Бугарија.

Шефот на дипломатијата посочи и дека во тој процес имало одредени цели, а тоа е македонскиот јазик во ниту една ситуација да не биде дел од Преговарачката рамка. После две ипол години на блокади, се оддржа втората меѓувладина конференција. Францускиот предлог претставува надградување на предходните три предлози и обиди на претседателства за решение прифатливо за двете страни. Јавноста се уште е поделена но убеден сум дека ќе направиме добра стратешка одлука за која што времето ќе покаже дека тоа било најдоброто за нашата држава.

Успеавме во последен момент да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог и да ја лансираме во еден неповратен пат на европеизација и стабилизација, но и зголемување на стандардот за граѓаните, изјави министерот Османи.

Во однос на економската дипломатија, Османи истакна дека МНР уште на почетокот на неговиот мандат одлучил дека ќе даде акцент на улогата на надворешната политика со што ќе се привлечат надворешни инвестиции.

На прес-конференцијата Османи истакна дека кога се прави процена на успеси, се прави на основа на очекувањето, направени се чекори и постигнувања коишто ги имаат надминато дури и моите првични амбиции коишто ги имав на почетокот на мандатот, кажа министерот Бујар Османи.

Подготвено од М.Н.

About Author