19.08.2022 Скопје
Вршителот на должноста министер за надворешни работи, Николај Милков, изјави дека со Република Северна Македонија има шанси да се решат проблемите кои постојат со децении, но не беа до сега сериозно адресирани. Сега овие проблеми не се решени, но имаме механизам кој е усвоен од бугарскиот парламент, се работи за францускиот предлог, кој исто така е усвоен и од парламентот на Северна Македонија.
Пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорните прашања. Милков изјави и дека сака да се формира национален консензус во Северна Македонија, кажа дека неможе да се потпираат и да разговараат само со една политичка партија, туку треба да се водат разговори како држава со држава. Не треба да се случи луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија да ја изгубат вербата во институциите кои се повикани да ги заштитат нивните права. Според Милков, институциите не треба да се користат за репресивни цели.
Треба многу појаснувања од нашите партнери во Северна Македонија, доколку има пријави за прекршоци, соодветно ке реагираме и внимателно ќе ја следиме состојбата, рече Милков.
Подготвено од М.Н.