https://www.facebook.com/photo?fbid=346410624151051&set=a.346410587484388

15.08.2022 Скопје

Уште едно понижување на нашиот јазик, покрај она, која оваа ненародна власт го распродава во преговорите со Бугарија. На настанот организиран од владата, за годишнината од Рамковниот договор, кога се обрати водителката на македонски јазик, присутните го исвиркаа македонскиот јазик и со тоа го навредија целиот македонски народ, изјави на прес-конференција пратеникот од опозициската партија, Бране Петрушевски. Димитар Ковачевски повторно молчи за скандалот, молк има и од целата влада, треба веднаш да се оградат и да се извинат на целата македонска јавност за она што се случи и да застанат во одбрана на вулгализирањето на македонскиот јазик, кажа Петрушевски. Со целиот овој настан и скандалите кои се поврзуваат со него на површина исплива поделеноста на општеството и постоењето на два паралелни света. Вештачката поделба помеѓу граѓаните во државата, која се прави со цел да се украде некој денар повеќе од страна на власта веќе е очигледно.

Доста е од поделби на народот, доста е од омаловажувања и распродавања на националните интереси, доста е од секојдневни криминали на власта, народос сам ке ги казни наскоро на овие навреди и понижувања, кажа на прес-конференцијата пратеникот од опозициската партија на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author