11.08.2022 Скопје
Барањата за спас на ноќниот живот во Скопје, како што соопштуваат од Здружението на летни ноќни клубови на Скопје, се прифатени од страна на надлежните институции.
Здружението на летни ноќни клубови на Скопје, преку соопштение, искажаа благодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката на Град Скопје-Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за економија-Крешник Бектеши, кои придонесоа да се добијат дозволи за работа за 2022 година и со тоа им овозможија, како и во минатите 30 години, да им понудат на младите во Скопје ноќен живот после полноќ. Воедно, во соопштението стои и дека младите во Скопје повторно ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови.
Подготвено од А.Ѓ.