https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko/photos/pcb.7803049963100734/7803048963100834/

19.08.2022 Скопје

Градот Скопје денеска ја почна реализацијата на капиталниот проект за изградба на мега парк во општина Ѓорче Петров, нова зелена површина која ќе се простира на 30.000 квадратни метри. Почетокот на изградбата на овој проект го означи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Ова е дел од приоритетните капитални проекти за скопјани согласно со програмата се вкупно пет нови мега паркови на територија на Град Скопје, изјави Арсовска.

На место кое беше депонија соогромни размери во над 50.000 квадратни метри, екипите на Градот Скопје успесно ја исчистија целосно, за создавање на новата паркова површина. Јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ веќе ја изведуваат првата фаза од овој мега парк. Предвидено е подигање на зелени површини, засадување на 2.200 дрвја, како и дополнителни цветни садници соодветни за зазеленување на парковската површина. Во завршна фаза предвидено е поставување урбана опрема и целосно уредување на просторот со фонтани, клупи, придружни елементи, канти за отпадоци, паркинг за велосипеди како и соодветно осветлување.

Мега паркот ќе се состои од три дела, во секој од трите дела ќе има внатрешни пешачки патеки и дополнителни пристапни патеки. Предвидена е изградба на детско игралиште, игралиште за миленици и фитнес зона, со соодветни реквизити, како и исградба на паркинг место за посетителите на паркот. Арсовска кажа дека вкупната вредност на овој проект изнесува 68.500.000 денари. Овој мега парк ќе биде ново катче за рекреација не само за жителите на овој дел од градот, ќе биде бенефит воопшто за сите посетители.

Подготвено од М.Н.

About Author