https://www.facebook.com/komunaofficial/photos/pcb.5313873162043006/5313870382043284/

20.08.2022 Скопје

Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето на вонредните избори за членови на совет и гласањето се одвива без проблеми.

Избирачките одбори информираат дека во сите избирачки места гласањето е почнато на време и се одвива во најдобар ред. Во избирачкиот список во Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласачи кои во текот на денот ќе можат да си го остварат своето право на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 место во Советот на Општина Тетово, доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи.

Во денешниот ден во период од 7 до 19 часот отворена ќе биде подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат лично да се обратат за своите права во канцеларијата или на поставениот телефонски број на канцеларијата, информираат од оваа установа.

Подготвено од М.Н.

About Author