15.08.2022 Скопје
И покрај искоренувањето на корупцијата, во предлог-легислативата за помош и поддршка на земјите од Западен Балкан, што минатата недела ја представија групи американски сенатори, се наведува и дека САД ги признава јазиците и ке продолжи да го поддржува културното наследство во регионот. Сенаторката Џин Шахин, изјави дека справувањето со корупцијата е многу важен дел за Западен Балкан и она што го прави легислативата е да го овласти државниот секретар да обезбеди техничка помош на земјите кои бараат помош при адресирање на нивните предизвици со корупцијата. Во врска со делот од предлог-легислативата во однос на јазиците и како гледа на тоа што Бугарија го негира постоењето на македонскиот јазик, Шахин кажа дека постојат долгогодишни историски разлики меѓу етничките групи и земјите на Балканот.
Според неа, лидерите на Балканот треба да се фокусираат на интеграцијата во Европската Унија, а не на промовирање конфликт. Шахин нагласува дека обновување на фокусот кон демократски напредок е особено важно во време на етнички тензии и напори од страна на Русија да поттикне конфликт во регионот. Додека Русија прави планови каде би можела да оди после Украина, секако Западен Балкан би било едно од тие места и затоа војната во Украина е толку критична, кажа Шахин, со што вели дека предлог-легислативата има цел да обезбеди економски напредок и да ја охрабри трговијата на Западен Балкан, не само со САД, туку и со Европа и со соседните земји, како и да се создаде средина со можност за вработување на младата популација.
Подготвено од М.Н.