https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE_%D0%9E%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%B8_%D0%A4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%285%29.JPG

17.08.2022 Скопје

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата, а Арфат Муареми вчера се повлече од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Русковска и Муареми предходно јавно разменија обвинувања откако Обвинителството изврши претрес во Управата за финансиска полиција. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми, пак, информираше дека по своја сопствена волја се повлекува од својата функција. Од управата, посочија дека одлуката на јавниот обвинител, дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. Муареми на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за злоупотреба на службената положба и овластување, откако беше извршен претрес во Финансиската полиција.

Подготвено од М.Н.

About Author