https://www.facebook.com/www.sharri.info/photos/a.327591777416859/2238840532958631

17.08.2022 Скопје

Откако републичкиот обвинител Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја одстрани од функција шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, таа најави дека ќе се жали пред Советот на обвинители за донесената суспензија. Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако предходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со уште две обвинителки го извршија во Управата за финансиска полиција во Јули оваа година, под сомнение дека директорот на управата криел предмети за кои Обвинителството на Русковска не било информирано.

Русковска во интервју на една телевизиска куќа, потврди дека веќе го примила решението за времено одстранување од работното место.

Подготвено од М.Н.

About Author