
19.08.2022 Скопје
Руски „Гаспром“ ја прекинува испораката на гас за Европската Унија преку „Северен тек“. Рускиот енергетски гигант објави дека транзитит на природен гас во Европската унија преку гасоводот Северен тек 1 ќе биде привремено стопиран од 31 Август до 2 Септември, поради одржување на гасоводот. На 31 Август единствената работна единица за гасен компресор „Трент 60“ ќе биде затворена три дена поради одржување, стои во соопштението од компанијата, истакнувајќи дека сите поправки ќе бидат извршени заедно со експерти од германски „ Сименс “.
„Гаспром“ додаде дека, по завршувањето на работите и одсуство на технички дефекти на блокот, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни дневно, што представува приближно 20 отсто од целосниот капацитет на гасоводот.
Подготвено од М.Н.