27.08.2022 Скопје
Рускиот нуклеарен енергетски гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија во наредните недели, изјавил унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Целта на договорот меѓу Русија и Унгарија од 2014 година е проширување на постоечката нуклеарна централа Пакс.
Унгарија не ги поддржа безусловно потезите на Западот за санкциите да ја изолира Русија, и да го санкционира извозот на руската нафта и гас. Пакс во моментов произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија. Ова е голем чекор и многу важна пресвртница, така ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме унгарците од големите промени во цените на енергијата, изјавил Сијарто во својата објава на социјалната мрежа фејсбук.
Унгарскиот министер за надворешни работи додава дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.
Проектот е во вредност од 12.5 милијарди евра и во голема мера е финансиран од страна на Русија.
Подготвено од М.Н.