20.08.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека ќе им дозволи на инспекторите на ОН да го посетат и проверат нуклеарниот комплекс Запорожје. Оваа одлука ја соопштиле од Кремљ, откако Путин разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон. Нуклеарката е под руска окупација од почетокот на март, но украинските техничари се уште работат под руска управа. Двајцата претседатели ја истакнаа важноста од испраќање на експерти на МААЕ во централата, за да направат проценка за моменталната ситуација на теренот, соопштија од Кремљ.
Генералниот директор на агенцијата на ОН за нуклеарен надзор, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ја поздрави одлуката на Путин и изјави дека е подготвен самиот да ја предводи посетата на нуклеарниот објект. Во оваа нестабилна и кревка ситуација, од витално значење е да не се превземат нови дејствија што би можеле дополнително да ја загрозат безбедноста на една од најголемите нуклеарни централи во светот, рече генералниот директор на ОН за нуклеарен надзор, Рафаел Гроси.
Подготвено од М.Н.