02.08.2022 Скопје
По претставувањето на новата преодна влада на Бугарија и нејзиниот премиер Гулаб Донев, Румен Радев изјави дека главниот предизвик е поврзан со безбедноста. Исто така, додаде дека ризикот војната да зафати нови територии е реален и според него, прв приоритет за новата бугарска влада е да се спречи вовлекување на Софија во конфликтот, да се намалат ризиците за националната безбедност на Бугарија и да се забрза работата на модернизација на воените сили на земјата.
Претседателот Радев истакна дека бугарското општество очекува да ја слушне целата вистина за изградбата на автопатот „Хемус“, поправката на браните и другите големи корупциски проекти.
Новите министри и вршител на должноста премиер, Гулаб Донев, дадоа заклетва пред претседателот на Бугарија, бидејќи нема активно Народно собрание за положување заклетва.
Подготвено од А.Ѓ.