10.08.2022 Скопје
Словенечкиот претседател Борут Пахор истакна дека колку подолго трае процесот на проширување на Европската Унија, толку повеќе земјите од Западен Балкан ќе бидат изложени на руски апетити, затоа според него, Европската Унија мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од овој регион каде што ризикот се уште постои.
Словенечкиот лидер, зборувајќи на 13та Конференција на амбасадорите во Анкара, нагласи дека руската војна против Украина фундаментално ја поткопа и онака кревката доверба меѓу Западот и Русија. Додека пак, зборувајќи за добрите односи меѓу Словенија и Русија повеќе од 15 години до почетокот на војната во Украина, истакна дека неговата земја никогаш не се чувствувала од Русија, додека пак пријателите од Источна Европа секогаш ја опишувале Русија како директна или индиректна закана за нивната безбедност.
Претседателот на Словенија, Борут Пахор, истакна дека војната во Украина, односно одлуката на рускиот претседател Путин да ја нападне Украина, за него е изненадувачка и разочарувачка и поради тоа нивните врски со Русија се променети.
Подготвено од А.Ѓ.