Photo by form PxHere

17.08.2022 Скопје

Потрошувачките цени во Хрватска во месец јули пораснаа за 12,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, овој пораст представува највисока стапка на инфлација откако Дршавниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. Оваа најголема стапка на инфлација најмногу се должи на зголемените цени на горивото и храната.

Цените на стоки и услуги за лична потрошувачка, мерени со индексот на потрошувачки цени, во Јули пораснаа за 0,4 отсто за разлика од месец Јуни. Порастот на цените од 12,3 проценти претставува забрзување во однос на Јуни, кога цените забележаа раст од 12,1 отсто на годишно ниво, покажа извештајот на ДЗС кој е објавен денес.

Подготвено од М.Н.

About Author