09.08.2022 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствува на Игрите на исламската солидарност во Анталија.
На Игрите на исламската солидарност во Анталија ќе учествува и албанскиот олимписки тим.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на социјалните мрежи сподели фотографии од аеродромот во Коња и истакна дека е поканет од турскиот претседател Ердоган на церемонијата, а воедно ќе присуствува и на важен состанок.
Подготвено од А.Ѓ.