
12.08.2022 Скопје
Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, најави дека како дел од Светската програма за храна, првиот брод со жито за Африка ќе ја напушти Украина. Бродот ќе натовари жито во едно украинско пристаниште, по што ќе се упати кон Етиопија.
Претседателот на Европскиот совет нагласи дека соработката на сите клучни актери е од клучно значење за да се избегне недостиг на храна и глад низ целиот свет.
Првиот чекор за ублажување на кризата со снабдување со храна предизвикана од руската инвазија врз Украина претставуа бродот кој ќе однесе повеќе од 23 милиони килограми жито од Украина во Етиопија.
Подготвено од А.Ѓ.