https://www.facebook.com/photo.php?fbid=474496154679805&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

01.08.2022 Скопје

Вечерва на Гумење во Крушево, во организација на општината, ќе биде отворена манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република“. На оваа манифестација, која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден. Во рамки на програмата на манифестацијата, предвидена е посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев, како и полагање цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на илинденските востаници. Владината делегација ќе положи цвеќе и на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев.

Годинава македонска државно-црковна делегација, за прв пат по речиси 20 години, ќе го посети историскиот манастир „Св. Прохор Пчински“, каде што е одржано Првото заседание на АСНОМ и е прогласена македонската држава, досега СПЦ забрануваше посети. Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе ја предводи делегацијата, а претходно ќе положи цеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните.
Собранискиот спикер, Талат Џафери, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.

Додека пак, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски веќе петта година по ред, Илинден ќе го слави во струшкото село Ташмаруништа, каде за време на Илинденското востание во 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author