31.08.2022 Скопје
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, во текот на денешниот ден го лишиле од слобода лицето Џ.И.(42) од селото Кованев, Гевгелиско.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени осум стебла во висина од околу два метри и едно исушено стебло канабис сатива, три пушки, патрони, муниција, една мини импровизирана лабораторија и една дигитална вага.
Приведеното лице Џ.И. бил задржан во полициската станица во Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Подготвено од М.Н.