https://www.facebook.com/photo.php?fbid=375138748129992&set=pb.100069016095883.-2207520000..&type=3

16.08.2022 Скопје

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес на неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија, канабис, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства.

По комплетирање на случајот, против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член.396 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author