06.08.2022 Скопје
Поради ниската откупна цена, производителите на пченица и јачмен околу 75 проценти од приносите ги складирале во силосите и амбарите, поради недефинираната производствена цена на лебното зрно.
Во 2022 година, приносите во штипскиот и овчеполскиот регион потфрлија, поради ненавременото фрлање на ѓубре, кое во 2021 година се продаваше за 600 денари, а сега за 2 200 денари.
Поради климатските промени, сушата и уништениот систем за наводнување, земјоделците сметаат дека битката со производство на храна ја губат. Земјоделците истакнаа дека доколку државата не помогне со субвенционирање, многумина од нив ќе се откажат од земјоделство и сточарство.
Во земјава, според последните податоци, се произведени околу 270 000 тони пченица. Од Асоцијацијата на земјоделци истакнаа дека треба да се работи на односите со млинарите и очекуваат производствената цена на пченицата да изнесува над 22 денари.
Подготвено од А.Ѓ.