26.08.2022 Скопје
Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето на топлинската енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето на електрична енергија на национално ниво. Двете одлуки ќе почнат да се применуваат од 1 Септември и ќе траат 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки со додадно продолжување се додека има потреба. Со денот на отпочнување на примена на овие одлуки, како што соопштија од Владата, Комисијата за следење на состојби со снабдувањето со електрична енергија и за следење на состојби за снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојбата на пазарите на електричната и топлинската енергија и предлага мерки согласност со уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба.
Мерките ќе започнат од 1 Септември а се очекува да важат до крајот на март следната година.
Надлежните институции убедуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите се неопходни доколкусе оди според планот за штедење на Електростопанство на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.