https://www.facebook.com/CKOhrid/photos/pcb.2845834939059122/2845833042392645

16.08.2022 Скопје

Охридскиот црвен крст потпиша договор за финансиска поддршка за реализација на проект за заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени. Цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови, како и на пештерските екосистеми. Тоа ке се постигне преку научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвертаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица.

За проектниот тим и представници од Националниот парк Галичица ќе се организира студентска посета на заштитени подрачје Шкоцјанске Јаме во Словенија за размена на искуства и позитивни практики.

Предвидено е и да биде подготвен и видео материјал, како превенција од влијанието на климатските промени, за намалување на ризиците од природните катастрофи предизвикани од климатските промени, како и опремување на три едукативни катчиња.

Со финансиска поддршка на ПОНТ претходно беше реализиран проект за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица.

Подготвено од М.Н.

About Author