15.08.2022 Скопје
Украинскиот парламент, Врховниот труд, денеска ги поддржа предлозите за законот за продолжување на вонредната состојба и мобилизација за уште 90 дена, поднесени од претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Пратеникот Јарослав Железња, на својот профил на Телеграм напиша дека Собранието го поддржа предлог-законот 7664 за продолжување на вонредната состојба за уште 90 дена, односно до 21 Ноември годинава.
Претседателот Зеленски на 12 Август до Врховниот совет го поднесе предлог-законот за вонредна состојба и мобилизација. Првата вонредна состојба во Украина беше воведена на 24 Февруари, односно на самиот почеток на воениот конфликт со Русија.
Подготвено од М.Н.