https://www.facebook.com/photo/?fbid=378234111153789&set=a.231255619184973

23.08.2022 Скопје

Полициски службеници во раните утрински часови на ул.„Маршал Тито“ во градот Штип, го привеле лицето со иницијали (А.Ѓ.) од Скопје, бидејќи во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот, превезувал 26 лица-мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.

Откако било запрено возилото од страна на полициските слижбеници, возачот и мигрантите избегале од самото место но набргу по брзата реакција и превземени мерки, биле пронајдени и приведени во полициската станица во Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи. Потоа возачот останал на сослушување во полициската станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „ Винојгу “во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против лицето А.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author