11.08.2022 Скопје
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, ги отфрли тврдењата дека неодамна било пукано кон припадниците на косовската полиција на територијата на централна Србија и дека Србија нема да дозволи никому, па ни НАТО да пука врз припадниците на српската армија и полиција на административна линија.
Претседателот на Србија предупреди дека приштинските власти под превезот на борба против криминалот, подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово.
Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе биде одржана на 18 август во Брисел. За оваа средба, Вучиќ истакна дека на средбата оди со добра волја, но дека е многу скептичен дека е можно да се постигнат какви било резултати.
Подготвено од А.Ѓ.