07.08.2022 Скопје
На Шар Планина секојдневно никнуваат мини депонии, па наместо поголема заштита со добивањето статус Национален парк, природата на Шар Планина се повеќе се уништува. Во период кога планинарството станува модерно, свеста на посетителите е на најниско ниво, па зад себе го оставаат отпадот кој го носат од градот. Во срцето на планината, членовите на планинарските друштва секојдневно се сведоци на мини депонии.
Од ПК Тетекс велат дека што поскоро мора да има ренџери кои ќе изрекуваат казни за ваквите случаи.
Министерството за животна средина и просторно планирање на официјалната страна соопштија дека се спроведуваат активности за чистење на диви депонии во полошко и на Шар Планина.
Од Планинарскиот клуб Јелак изјавија дека на Шар Планина се отворено многу патишта низ шумите, па наместо пешачење по неколку часа за искусните планинари, сега планината е многу подостапна и за излетници, кои немаат свест за заштита на животната средина, а се движат и со возила.
Подготвено од А.Ѓ.