28.08.2022 Скопје
Во Општина Аеродром имало пријава од 90-годишна жена дека била касната од куче скитник, а во Карпош исто така имало пријава од 52-годишна жена за ист случај.
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Аеродром, лицето Ј.Т. (90) од Скопје пријавила дека на улицата „ Февруарски поход “ била касната од куче скитник.
Исти така во текот на истиот ден во полициската станица Карпош и лицето С.М. (52) од Скопје пријавила дека во населбата Трнодол во Скопје била касната од куче скитник.
Од надлежните полициски станици направиле увид и заведено е во системот на пријави од каснување од куче скитник.
Подготвено од М.Н.