13.08.2022 Скопје
Председателот Стево Пендаровски, по повод обележувањето на 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор се јави со порака до целата јавност.
Пендаровски изјави дека клучните придобивки од договорот беа зачувувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет како и унитарниот карактер на државата. Во изминатите 21 година, меѓу другото и преку имплементација на Рамковниот договор станавме членка на НАТО, а добивме и статус на кандидат на и ги отворивме преговорите со Европската Унија, стои во изјавата на Пендаровски.
Сите наши напори во иднина да ги насочиме кон многу посебен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина во која ќе постојат сите претпоставки за секој наш граѓанин да реализира своите амбиции и потенцијали. Со потпишување на Рамковниот договор се поставија темели за уставни и законадавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници. Рамковниот договор донесе мир и стабилност за натамошен демократски развој на македонското општество, стои во пораките на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Подготвено од М.Н.