https://www.facebook.com/photo.php?fbid=116788944460218&set=pb.100083873377379.-2207520000..&type=3

21.08.2022 Скопје

Албанскиот претседател, кој е и врховен командант на вооружените сили, Бајрам Бегај, реагираше по инцидентот кој што се случи доцна синоќа кај фабриката за оружје во Грамш, каде двајца албански војници беа повредени од страна на двајца руски и еден украински државјанин.

Бегај наведува дека будно го следи случајот и е во комуникација со безбедносните структуру и албанската армија, кои ги охрабрува за целосно расбветлување на настанот и спречување на ситуации кои ја нарушуваат националната безбедност. Благодарност на двајцата припадници на вооружените сили, на кои им посакувам брзо закрепнување, наведува претседателот Бегај во реакцијата.

Инцидентот се случил кога три лица, две со руски и едно со украински пасош се обиделе тајно да влезат во фабриката за оружје во Грамш, но веднаш реагирале војниците кои што го обезбедувале објектот и при напори да се спречат тројцата странски државјани, повредени биле двајцата војници, изјави Министерството за одбрана. Приведени се двајца мажи, русин и украинец и една жена русинка. Тие на албанска територија биле влезени пред неколку дена, а според медиумите основано се сомневаат дека се руски шпиони.

Подготвено од М.Н.

About Author