https://www.facebook.com/photo/?fbid=239459391670278&set=a.239158688367015

16.08.2022 Скопје

Во министерството за правда, во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвен на дофат верзија за јавноста. Најзначајна измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување на молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Мошне значајни се како што посочуваат, и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување.

Правната рамка која детално ја уредува оваа материја, прв пат е воспоставена во 1993 година и досега е изменета и дополнета двапати и тоа во 2009 и 2016 година. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда, посочуваат од Министерството за правда.

Подготвено од М.Н.

About Author