19.08.2022 Скопје
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, очекува одговорност и истрага во однос на случувањата во Пливачката федерација на Македонија и откажувањето на Охридскиот пливачки маратон за оваа година. По она што бил информиран од новото раководство на Федерацијата, забележал дека се работи за многу сериозни обвинувања. Очекувам од новиот претседател на Федерацијата овој проблем веднаш да биде земен во работа, бидејќи нема да чекаме со годин за да откриеме дали навистина таму има криминал, изјави Пендаровски.
Пендаровски рече дека има луѓе во опозицијата што не прават разлика меѓу покровител, организатор и спонзор и не е во ред додека не се открие вистинската причина да се шпекулира во јавноста, а тој лично ќе се потруди да го реши овој проблем. Од новото раководство на Пливачката федерација на Македонија пред некој ден бил информиран дека тие веќе после една спроведена ревизија на работењето на предходното раководство и организатори на маратонот, имаат поднесено извештаи или кривични пријави до Антикорупциска и Основното јавно обвинителство.
Претседателот на Северна Македонија ги отфрли можностите дека откажувањето на Охридскиот маратон е предизвикано од политички мотиви.
Подготвено од М.Н.