05.08.2022 Скопје
Од Кремљ соопштија дека претседателот на Русија, Владимир Путин и претседалот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес ќе одржат средба во Сочи. Оваа средба е втора по ред во рок од 17 дена.
На средбата, како што соопшти Кремљ, Путин и Ердоган ќе разговараат за енергетиката и за проширување на трговско-економските врски, како и за актуелните теми од меѓународната агенда.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека согласно договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 Јули, на кој присуствуваше и иранскиот претседател Ебрахим Раиси, планирано е детално да се разговара за темата руско-турска мултилатерална соработка.
Подготвено од А.Ѓ.