https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.335967709782781/2293569370689262

01.08.2022 Скопје

Вработените во Градски енергетски системи си дадоа колективен отказ, со што претпријатието остана без вработени. Причината за овој колективен отказ е затоа што три месеци не добиле плата и останале без здравствено осигурување.

Директорот на Градски енергетски системи истакна дека сите обиди да стапат во контакт со градската управа, за да се бара решение за претпријатието, биле залудни. Исто така, додаде дека до сега имале само една средба со градоначалничката Арсовска, минатата година во ноември, кога ја презела функцијата и им бил побаран извештај за работата на претпријатието. Од таа средба па наваму, иако неколку пати побарале нова средба, нова средба немало. Директорот Трпчевски тврди дека судбината на претпријатието е неизвесна, поради незаинтересираноста на Градот, под чија капа е ова претпријатие.

Претпријатието Градски енергетски системи беше формирано во времето на претходниот градоначалник Петре Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот. Лиценца за тоа од Регулаторната комисија за енергетика не доби, по што одлуката беше оспорена пред Управен суд.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author