https://www.facebook.com/photo/?fbid=1183068641707109&set=a.405682469445734

13.08.2022 Скопје

Во интервју дадено од амбасадорот проф.д-р Ѓорѓи Филипов, стои дека во моменталната сложена матрица на севкупните односи во земјата би било најприфатливо постигнувањето согласност во рамките на Собранието, продолжување со преговорите, вложување напори на секоја клетка на општеството за нивно поскорешно завршување а потоа има и мегдани за референдум.

Филипов смета дека и ние, по примерот на некои од земјите сега членки на Унијата, можеме да спроведеме референдум пред да стапиме во сојузот. Со поладни глави, со ново искуство од преговарачкиот процес, зајакнати институции во државата, подобрено судство, намлалена корупција приближени до европските стандарди и свесноста дека Северна Македонија ќе биде многу посилна кога ќе биде внатре во политичката и економска унија на народите на Европа, каде ни е местото, не само заради географската припадност, туку и заради споделување на заедничките европски вредности вели амбасадорот Филипов. Нашите негативни искуства, од кои ако сме разумни треба нешто повеќе да сме научиле, се должат на тоа што барањата за рефередндумско известување се ставаат на политичка маса оддкако партиите веќе го раскарале гласачкото тело. Во моменталната сложена матрица на севкупните односи во земјата би било наприфатливо постигнувањето согласност во рамските на Собранието, продолжување со преговорите и вложување напори за нивно поскорешно завршување, а потоа да има и услови за референдум кажа амбасадорот Филипов.

Подготвено од М.Н.

About Author