Photo by form PxHere

29.08.2022 Скопје

Студентите од Северна Македонија ќе студираат целосно бесплатно на државните универзитети во Бугарија, односно ќе бидат ослободени од сите такси, се предводува во измените предлижени од бугарскиот службен министер за образование, Сашо Пенов.

Според предлогот на Пенов, каква ќе биде организацијата за прием на македонските студенти и докторати ќе се утврдува секоја година со налог на министерот за образование, а приемот на кандидатите студенти ќе го организира бугарското Министерство за образование и култура во соработка со Министерството за надворешни работи. Приемот на докторантоте ќе се врши врз основа на документи.

Средствата неопходни за образование на студенти и докторанти ќе ги обезбеди бугарската држава од државниот буџет преку буџетите на соодветните високи училишта.

Целта на предложените измени е да се стандардизира режимот со кој се примаат македонските студенти во Бугарија, нагласува министерот Панов во неговиот извештај до Министерскиот совет.

Подготвено од М.Н.

About Author