https://www.usje.mk/mk/vesti/media-biblioteka/

21.08.2022 Скопје

Пожар избувна во кругот на Цементарница „Усје“, која се наоѓа во скопската Општина Кисела Вода, потврдија од Противпожарната бригада на Скопје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата за локализирање на пожарот е во тек и дека се испратени две против пожарни возила и девет пожарникари.

Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причината за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *