05.08.2022 Скопје
Демократското мнозинство во Сенатот на твитер објави дека Анџела Прајс Агелер е новата амбасадорка на САД во Северна Македонија. Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.
Сенатската комисија за надворешни работи, во текот на минатата недела, имаше сослушување за номинацијата на Агелер, на кое таа истакна дека работи за да и помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија, со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери. Воедно, таа додаде дека САД ја поддржуваат Северна Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во Европската Унија, како и дека САД и Северна Македонија треба да продолжат да соработуваат во одговорот на заканите за безбедноста и меѓународниот поредок, по инвазијата на Русија на Украина.
Подготвено од А.Ѓ.