04.08.2022 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден ја потпиша втората извршна наредба, чија цел е заштита на правото на абортус. По потпишувањето, Бајден изјави дека Врховниот суд и републиканците немаат поим за моќта на жените.
Првата извршна наредба, Бајден ја потпиша во јули, и првата и втората се однесуваат на неодамнешната одлука на Врховниот суд за ставање крај на уставното право на абортус на национално ниво.
Наредбата се очекува да има ограничен ефект, бидејќи републиканците во американските држави туркаат бран закони кои го ограничуваат абортусот, пристапот до лекови и финансирањето на таквите услуги.
Бајден порача дека политичарите не треба да се мешаат во основните права на жените и неговиот прв декрет на почетокот на јули му наложи на Министерството за здравство да го прошири пристапот до медицински абортуси и да обезбеди заштита за жените кои патуваат за абортуси.
Подготвено од А.Ѓ.