https://www.facebook.com/photo/?fbid=535879176911971&set=a.535878410245381

08.08.2022 Скопје

Албин Курти, премиерот на Косово, соопшти дека постои опасност од нов конфликт меѓу Косово и Србија, односно од нова војна во Западен Балкан, по повод последните инциденти во северно Косово.
Според Курти, со оглед дека зад Србија стои рускиот претседател Владимир Путин, опасноста од нов конфликт останува висока. Воедно, додаде дека пред руската агресија врз Украина, можностите да избие нов конфликт во Западен Балкан беа мали, но сега ситуацијата е променета.

Во врска со протестите во северно Косово против мерките што ги најави неговата влада за замена на српските со косовски регистарски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на личните документи, Курти вели дека тие не биле спонтани, туку организирани од Белград, со помош на Русија и доаде дека Србите имаат 48 оперативни бази околу Косово, 28 воени и 20 жандамерски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author