https://www.flickr.com/photos/european_parliament/48859228793

29.08.2022 Скопје

Советот на амбасадори денеска преку соопштение ја поздрави веста објавена од страна на Жозеп Борел, кој е висок претставник на ЕУ  за надворешна и безбедносна политика, за постигнатиот договор за лични документи меѓу Србија и Косово. Со ова на  граѓаните на двете земји им се овозможува слободно движење преку границите со лични карти издадени од двете земји.

Советот високо го цени големиот придонес што во поставувањето на овој договор ( потпишан во 2011 година) го дале специјалниот претставник на ЕУ за олеснување на преговорите меѓу двете земји, Мирослав Лајчак, и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Советот на амбасадори, како што посочува, смета дека успешната имплементација на постигнатиот договор и на другите ои се веќе потпишани ќе го отворат патот до побрза европска интеграција на двете земји а секако и најважно е дека ќе придонесе за мирот и стабилизација на односите во регионот.

Подготвено од М.Н.

 

About Author