https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=Javen+obvinitel&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=SX_2cyHI6P13OM

22.08.2022 Скопје

При крај е собирањето на докази во предистрагата за тоа зошто министерот Оливер Спасовски чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата за технички преглед во која бил регистриран автобусот на „ Беса транс“ во кој во Бугарија загинаа 46 патници. Во тек беше и предистрагата за работата на директорот на Управата на финансиска полиција, Арфат Муареми.

По суспензијата на шефицата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција Вилма Русковска, се уште не се знае кој обвинител ќе ги превземе да ги води овие предмети. Доказите за предметот за „Беса транс“ биле собрани, се чекало на распит на сведоци, но сега поради суспензијата на Русковска не се знае кој ќе ја превземе предистрагата за овој случај. Ако се укине суспензијата, Русковска ќе може да продолжи со предистрагите за двата предмети и со распитот на сведоците. Продолжението за овие два случаи ќе зависи од одлуката на Советот за јавни обвинители за суспензијата на обвинителката.

Професорот Гордан Калајџиев во интервју вели дека е невообичаено што јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески не застанал во одбрана на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вообичаено е обвинителот да даде поддршка на своите луѓе и да ги оневозможи притисоците кон нив, но во овој случај обвинителот ја завзама спротивната страна.

Подготвено од М.Н.

About Author