https://www.facebook.com/photo/?fbid=5800075800020285&set=pb.100057301636670.-2207520000..

25.08.2022 Скопје

Проблемот со здравственото осигурување во Министерството за внатрешни работи е надминат и сите вработени веќе имаат активно здравствено осигурување.

На вработените на кои не им било активно здравственото осигурување, а платиле за одредени медицински услуги, Фондот ќе им ги рефундира средствата, велат од Фондот за здравство. Проблемот настанал откако системот регистрирал дека недостасуваат уплати за придонеси на одредени лица во МВР, по што афтоматски се блокира цел систем и вработените во ист момент остануваат без здравствено осигурување. Ускратените права од став 1 на овој член повторно се воспоставуваат со денот на намирување на сите доспеани, а не уплатени обврски, стои во соопштениено од Фондот.

Независниот Синдикат на Полицијата претходно на прес-конференција соопшти дека во текот на вчерашниот ден повеќе од 50 лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи се пожалиле на проблеми со здравственото осигурување. Од Министерството за внатрешни работи, пак, изјавија дека нема грешка од нивна страна, односно дека се платени сите придонеси за вработените во МВР.

Претседателот на Македонскиот Полициски Синдикат, Марјан Кицев, кажа дека проблемот е од страна на Фондот за здравство и кажа дека се превземени сите мерки за решавање на истиот.

Подготвено од М.Н.

About Author