https://www.flickr.com/photos/charlesfred/3473725671/in/photolist-6hXKBV-aaRyWB-ohhwD6-5u2rP1-R4ZZF7-rH6LFZ-bySM1m-XXoqm1-6UJ2Ur-b8xZ9F-etuihS-2ghWDXN-59jL6B-f3urcr-2mPpWP9-7kVbYA-NCGS1-6CVHtt-LAXnuc-dtTAKJ-8fxga7-2hegKHP-nuDKpW-5CuooH-Ci7yAs-a5wWcD-8oGv7C-9mjBeV-4WpT1m-ZdEca6-oR82de-UDFRg3-BSohPm-2kLsGno-ktfXjj-yW4yUN-ku68a6-7ywhEy-hBx53V-2ncntki-pakn2P-4sig5e-7HY51v-2ncnteG-2ndTsWu-4ZQund-Lo9RH8-ieSU9R-6P5GoA-2nyAu1T

12.08.2022 Скопје

Годинава, во Албанија е забележано нагло намалување на наталитетот.

Од април до јуни, според Државниот завод за статистика-ИНСТАТ во целата земја се регистрирани само 5384 новороденчиња, што е за 14 отсто помалку од истиот период лани, но со речиси исто намалување во однос на првото тромесечје.

Во вторите три месеци, во однос на минатата година кога биле родени 2 141 бебе, се родиле 1 940 бебиња. Додека пак, гледано одделно по 12-те окрузи, единствено во округот Пешкопеја произлегува дека има 12 бебиња повеќе споредено со првиот квартал од годинава, но сепак помалку од споредбениот период минатата година.

По падот на влијанието на Ковид-19 има помалку смртни случаи.

Според анализата на ИНСТАТ, иако природниот прираст за овој период е позитивен, со 468 родени повеќе од умрени, овде не се пресметува колку луѓе заминале од Албанија во Европската Унија и другите земји.

Просечната возраст во Албанија изнесува 38,2 години, наспроти 35 години пред пет години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author