27.08.2022 Скопје
Постигнати се историски највисоки цени за откуп на грозјето, зголемени за 30 отсто во однос на претходната година, изјавил на денешната прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделство од власта. Дополнителни 2 денари за килограм откупно грозје, се обезбедени од Интервентниот фонд за земјоделство, кој со ребалансот на Буџетот е зголемен од 400 на 900 милиони денари, наменети за поддршка на оваа стопанска гранка и тоа во услови на криза, кажал Георгиевски.
Ова значи дека на веќе договорените цени од 13 и 15 денари по колограм, откупната цена на грозјето ќе биде 15 денари за смедеревка и 17 денари за вранец.
Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност, и тоа флашираното се повеќе го заменува наливното вино.
Вложувањето и поддршката на лозарите и винариите доведе до зголемено производство на грозје и вино, ќе продолжиме заедно да креираме мерки за помош и поддршка на лозарството и винарството како гранки на висок потенцијал за развој и извоз,изјавил на денешната прес-конференција претседателот на комисијата за земјоделство Гоце Георгиевски.
Подготвено од М.Н.