31.08.2022 Скопје
Привремено е затворена Клиниката ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, откако дел од просториите се поплавени по вчерашното невреме, соопштија од Министерството за здравство.
До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали, во кое било напишано дека поради техничките проблеми на единицата за интензивно леување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување да се препраќаат следниве здравствени установи се до санирање на дефектите: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“, пациентите од источна Македонија во КБ Штип, пациентите од централна Македонија во КБ Битола, пациентите од западна Македонија во КБ Тетово, се наведувало во соопштението од Министерот за здравство Беким Сали.
Подготвено од М.Н.